Eрик Максим Чупо Мотинг е нов играч на Баерн Минхен!
Откако со ПСЖ играше во финалето против Баерн, Чупо Мотинг сега ќе се пресели во Минхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одлично е чувството да се вратиш во Бундеслигата, среќен сум што ќе играм за најдобриот клуб во Германија. Кој не би сакал да игра за Баерн. Чест ми е што ќе бидам тука. Во Баерн секогаш има една цел, а тоа е – победа. Многу сум мотивиран да ја оправдам довербата“, изјави Чупо Мотинг.
Тој потпиша договор до летото 2021 година, а во клубот доаѓа место Хадсон-Одои на кого му пропадна трансферот.