Дома Топ вести Официјално: Баена го тужи Валверде

Официјално: Баена го тужи Валверде

Виљареал доцна синоќа излезе со соопштение во кое oбјави дека нивниот напаѓач Алехандро Баена поднел пријава до шпанската полиција против играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде.

„Фудбалерот на Виљареал, Алекс Баена претрпе насилство кога се упати кон тимскиот автобус по натпреварот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Соочен со оваа ситуација, играчот решил да поднесе соодветна жалба против агресорот до Националната полиција. „Виљареал уште еднаш отфрла каков било акт на насилство и цврсто верува во верзијата на својот играч, кого ќе го поддржува во текот на овој процес“, се вели во соопштението на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, „Марка“ објави дека на Валверде во моментов не му се заканува спортска казна, бидејќи претставката е поднесена само до полицијата, но не и до Дисциплинската комисија на Лигата. Според „Ел Чирингита“, девојката на Валверде стапила во контакт со Баена, барајќи од него да не поднесува жалба.

Но, играчот на Виљареал одговори дека веќе ги демантираше сите приказни за неговите наводни коментари за нероденото дете на уругвајскиот интернационалец. На крајот Баена се обрати до полицијата, која веќе зема изјави од двете страни, во кои Валверде го призна инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…