Дома Фудбал Англија Официјално: Арсенал го продолжи договорот со Еди Нкетиа

Официјално: Арсенал го продолжи договорот со Еди Нкетиа

Eди Нкетиа го продолжи договорот со Арсенал и стави потпис на соработка до 2027 година, објави премиерлигашот.

Оваа информација веќе беше најавувана во претходните денови, а сега е и официјално потврдена. Нкетиа член на првиот тим на Арсенал е од 2017 година и од тогаш забележа 92 настапи и постигна 23 гола.

„Среќен сум што Еди останува со нас, тој промовира се што е Арсенал, вредностире на овој клуб. Верувам дека ќе продолжи да се развива затоа што е голем талент и фантастична личност“, изјави Артета.

Во новата сезона Нкетиа ќе го носи дресот со број 14, досега играше со 30-ката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…