Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Алекс Телес потпиша договор со саудискиот клуб Ал Наср.
Клубовите не соопштуваат никакви детали за трансферот на 30-годишниот Бразилец, објави Би-Би-Си.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Телес ќе му се придружи на поранешниот соиграч од Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој во јануари се пресели во Ал Наср од Олд Трафорд.
Телес одигра 50 натпревари за Јунајтед откако дојде од Порто во 2020 година и ја помина минатата сезона како позајмен во Севиља.
Тој минатата сезона одигра 38 првенствени натпревари за шпанскиот клуб и беше стартер во победата против Рома по пенал рулетот во финалето на Лига Европа.
Летово во саудискиот фудбал заминаа бројни играчи од најсилните европски лиги, меѓу кои Карим Бензема, Нголо Канте, Роберто Фирмино, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Едуард Менди и Калиду Кулибали.