Дома Македонски спорт Мак баскет Официјално: Адем Мекиќ стана првиот Македонец по Тодор Гечевски во Задар

Официјално: Адем Мекиќ стана првиот Македонец по Тодор Гечевски во Задар

Само два месеца откако го напушти МЗТ Скопје и се пресели во романскиот прволигаш Темишвар, македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ има и нов клуб.

Практично од денеска, репрезентативниот бек и официјално е член на Задар, откако се обврза на договорна онврска до крајот на оваа натпреварувачка сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Можеби делува изненадувачки, но се решив за промена на средината со оглед на тоа дека моите обврски кон Темишвар во оваа сезона многу извесно, ќе завршат на 7 април. Некако прерано за моите очекувања од оваа сезона. Кога се јавија луѓето од Задар, ја прифатив понудата. Сакам да играм во клуб со големо реноме, и тоа е причината што одбрав да ја доиграм оваа сезона во Задар“ – потврдува македонскиот репрезентативец

Практично, Мекиќ е прв Македонец што ќе го облече дресот на овој клуб по Тодор Гечевски кој остави длабока, неизбришлива трага во Задар и на кого се уште, со големо задоволство, се сеќаваат тамошните љубители на кошарката.

А Задар ќе биде трет клуб за сега веќе искусното крило оваа сезона која ја почна во МЗТ Скопје Аеродром, а ја продолжи во Темишвар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…