Дома Македонски спорт Официјални состави: Против Словенија ќе играме со две промени и поинаква тактика!

Официјални состави: Против Словенија ќе играме со две промени и поинаква тактика!

Вечерва Македонија ја очекува нов натпревар во квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година.

Во Скопје ги стартувавме квалификациите со победа против Летонија од 3:1 која сигурно им даде самодоверба на нашите фудбалери пред натпреварите кои следат. Вечерва гостуваме во Словенија која е во серија од седум натпревари без победата и ние се надеваме дека ќе им ја продолжиме црната серија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За разлика од натпреварот со Летонија против која бевме многу напаѓачки ориентирани, вечерва селекторот Ангеловски се одлучи за нешто по дефанзивна тактика.

Против Летонците игравме со 4-4-2 формација, но сега на стоперските позиции покрај Велковски и Муслиу ќе игра и Егзон Бејтулаи, додека по страничните позиции ќе бидат Ристовски и Алиоски. Ова значи дека ќе се браниме со петмина, додека кога напаѓаме ќе ја очекуваме поддршката од Алиоски.

Во средниот ред херојот од Скопје, Елиф Елмас ќе игра на местото на Ферхан Хасани кој се повреди после 20 минути против Летонија. Во средниот ред се и стандардните Барди и Николов. Во нападот ќе бидат Илија Несторовски и Горан Пандев.

Како резултат на играњето на Бејтулаи во одбраната Александар Трајковски ќе остане на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…