Во Реал Мадирд како што изгледа во текот на летото ќе следи целосна реконструкција, посебно во нападот. „Кралевите“ се разделија со неколку напаѓачи, па јасно е дека во летниот преоден рок ќе мора да бидат доведени нивни замени.
Медиумите шпекулираат дека ќе пристигнат барем три имиња во офанзивната. Си замина Карим Бензема, а како негова замена се најавува Хари Кејн кој одигра уште една индивидуално одлична сезона, но разочарувачка кога се трофеите во прашање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Toтенхем за неговите услуги бара 100 милиони евра, додека во Реал сметаат дека е превисока сума за играч кој следното лето останува без договор. Конкуренција на гигнатот од Мадрид е Манчестер Јунајтед, меѓутоа сигурно дека „петлите“ повеќе би го продале Кејн на Реал отколку на ривал од Премиер лигата.
Второто засилување во нападот би можело да дојде од Челзи, Каи Хаверц. Германецот е играч по вкусот на Перез и Анчелоти, помеѓу „сините“ исто така ќе има реконструкција, па во Мадрид би можеле да ја искористат ситуацијата.
Трансферот на Џуд Белингам би требало да е веќе завршена работа иако секако ќе треба да се почека се да биде официјално.
Ќе потсетиме Реал за викендот освен со Бензема ги потврди разделбите уште со Асенсио, Азар и Маријано Диаз од напаѓачката линија.