Легендарниот играч за врска на Рома Даниеле Де Роси оваа сезона после долги години ја напушти Рома, но ќе продолжи со играњето фудбал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Де Роси во овој момент се наоѓа на одмор, после што ќе одлучи каде ќе продолжи.
Како што пренесува „Спорт Италија“, Милан и Фиорентина биле спремни да го ангажираат Де Роси и му ги претставиле своите понуди, но Италијанецот кратко им порачал дека нема намера за било какви суми и услови да преговара со клубови од Серија А. Таквиот пристап на Де Роси бил поради неговата почит кон Рома.
Освен италијанските клубови понуди за Де Роси испратиле Бока Јуниорс и Лос Анџелес. Капитенот и детето на Рома после 19 години го напушти клубот од „Олимпико“.
Со „волчицата“ Де Роси не успеа да биде шампион на Италија, но освои два купа на Италија и еден Суперкуп. Со репрезентацијата на Италија го освои трофејот на Светското првенство во Германија во 2006 година.