Дома Фудбал Италија Откриена тајна на Милан која ќе ги израдува навивачите!

Откриена тајна на Милан која ќе ги израдува навивачите!

„Росонерите“ веќе некое време успеале да зачуваат во тајност информација која ќе ги израдува навивачите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Одлични вести за навивачите на Милан!

Преспективниот напаѓач, Патрик Кутроне (20) кој беше мета на шпекулации во последните месеци, потпишал нов договор, пренесува „Тутомеркато’.

Милан овој податок го држел во тајност, но ги откриле документите поврзани со финансиското работење на клубот.

Во нив е наведено дека фудбалер роден 1998 година потпишал договор до 2023 година.

Интересно е што само Милано ова се уште не го објавил, но сега нема дилеми дека напаѓачот ќе остане на „Сан Сиро“.

Патрик Кутроне му се приклучи на првиот тим во 2015 година, но првите минути во Серија А ги запиша кон крајот на мај минатата година во победата над Болоња од 3:0.

Во текот на претходната сезона Кутроне постигна 18 погодоци во сите натпреварувања и очигледно тоа беше јасен сигнал дека треба да му се понуди продолжување на соработката.

https://www.youtube.com/watch?v=79hyPUrpNuE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ноќ која ќе сака да ја заборави: Мануел Ноер постави неславен рекорд во Лига на шампиони

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Баерн со 5:4 во првиот натпревар од полуфиналет…