ПСЖ ова лето го одработи еден од најдобрите трансфер прозорци во историјата на оштета потроши 70 милиони евра со кои го плати Хакими, а бесплатно ги доведе Меси, Рамос, Донарума и Вајналдум, но сите имаат високи плати.
Поради таквата ситуација изгледа дека во Париз ќе мораат и да продадат некого до крајот на преодниот рок. Во нападот на Покетино нема дилеми дека ќе играат Меси, Нејмар и Мбапе, па затоа Икарди би можел да ја промени средината. Опција за Икарди би можел да биде Јувентус на кого му е потребен напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Андер Ерера исто така би можел да замине, тој беше во втор план и минатата сезона, а сега тешко дека ќе добие прилика за игра откако во средниот ред пристигна и Вајналдум. Во средниот ред на ПСЖ се уште Паредес, Верати ,Данило, па ако има вистинска понуда може да си оди и Рафиња.
Ди Марија и Дракслер сигурно остануваат во ротација, може да замине Пабло Сарабија, ПСЖ ги чека понудите за него.
Нема место и за Серхио Рико кој е квалитетен голман, меѓутоа покрај Навас и Донарума нема шанси да очекува дека ќе добие некаква шанса. Се чекаат понудите и за Лајвин Курзава.
До крајот на преодниот рок нема уште многу време, па останува да видиме како работите ќе се одвиваат.