Дома Македонски спорт Откако заврши војната Ристо Митревски се врати во Алашкерт

Откако заврши војната Ристо Митревски се врати во Алашкерт

Македонскиот стопер Ристо Митревски после шест месеци се врати во Алашкерт.

Митревски си замина од клубот поради воената состојба во земјата, а сега откако се заврши тој се врати во „старото јато“. Во претходните шест месеци тој беше без ангажман.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во претходниот мандат во Алашкерт стигна во месец февруари и одигра 13 натпревари на кој постигна два гола. Играше против Ренова во квалификациите за Лигата на Европа, дуелот во кој Ренова успеа да изненади.

Претходно во кариерата играше за Енозис (Кипар), Хапоел Хаифа (Израел), Истра (Хрватска), Доњи Срем (Србија), Сараево (БиХ), а во Македонија го носеше дресот на Металург, Тетекс, Напредок, Победа и Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…