Екипата на Интер не се откажува од фудбалерот на Баерн Минхен.
„Нероаѕурите“ ова лето доведоа неколку засилувања и сезоната во Серија А ја започнаа навистина одлично, па Спалети би можел да добие некој „подарок“ во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не е тајна дека Интер има голема желба во своите редови да го доведе одличниот играч за врска на Баерн Минхен, Артуро Видал. Се обидуваа „нероаѕурите“ и во текот на летото, но Баерн ги одбиваше нивните понуди.
Во управата на клубот од Милано сепак се надеваат дека работите се промениле со заминувањето на Карло Анчелоти, па Интер повторно ќе се обиде да го доведе Видал и тоа веќе во јануари.
Да потсетиме, Видал веќе настапуваше во Серија А и тоа во редовите на Јувентус, клуб со кој четири пати стигна до титулата во италијанското првенство, а неговиот договор со Баерн има важност во 2019 година.