Дома Останати Кошарка НБА Осман за македонското знаме на „Ол-Стар“: Сакав да искажам благодарност и љубов

Осман за македонското знаме на „Ол-Стар“: Сакав да искажам благодарност и љубов

Чеди Осман со гестот кој го направи на „Ол-Стар“ натпреварот на ѕвездите во подем ја воодушеви македонската јавност.

Имено, Осман е роден во Охрид па во неговиот голем момент во кариерата сакаше да покаже почит кон земјата каде што е роден и земјата чиј репрезентативен дрес го носи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со патиките со македонско и турско знаме Осман беше еден од кошарките кои привлекуваа внимание, па новинарите не ја пропуштија приликата да го запрашаат зошто се одлучил на таков потег.

„Јас сум роден во Македонија, а играм за репрезентацијата на Турција. Со ставањето на знамињата на моите патики сакав да искажам благодарност и љубов до двете земји кои ме подржуваа во се“, изјави Осман после натпреварот во кој тимот на светот беше поразен од Американците.

Осман ја игра втората сезона во НБА лигата и има навистина солиден учинок во дресот на Кливленд.

Охриѓанецот во актуелната сезона има учинок од постигнати 12.4 поени по натпревар, 4.7 скокови и 2.1 асистенции. Ова значи напредок за Осман во однос на минатата сезона кога забележува 8.5 поени по натпревар.

Иначе, Осман е вториот кошаркар кој е роден во нашата земја и забележал настап на „Ол-Стар“. Прв беше Перо Антиќ кој на овој ист натпревар учествуваше во 2014 година кога во НБА настапуваше за тимот на Атланта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…