Нигериецот Виктор Осимен изминатата вечер пристигна во Галатасарај каде што ќе настапува како позајмен фудбалер.
Осимен се поврзуваше со трансфер во редовите на Челзи, а му пропадна и опцијата за преселба во Саудиска Арабија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Галатасарај не е изненадување ако се знае дека во Наполи беше отпишан и ако останеше немаше вооошто да игра. Сепак, Нигериецот не оставил ништо на случајноста.
Во својот договор додал две клазули, едната за намалување на неговата цена од 130 на 75 милиони евра и другата да може да си замине во јануари ако пристигне понуда која ќе му одговара.