Дома Фудбал Освалдо дебитираше за новиот клуб и покажа дека не заборавил да игра фудбал (ВИДЕО)

Освалдо дебитираше за новиот клуб и покажа дека не заборавил да игра фудбал (ВИДЕО)

Легендарниот напаѓач Пабло Освалдо вчера дебитираше за Банфилд.

Неговиот тим гостуваше во Буенос Аирес кај Ривер во рамките од 20.коло во аргентинската Супер лига. Банфилд изгуби со 1:0, но малку недостасуваше за на спектакуларен начин да ја затресе мрежата на домаќините.

Во игра влезе во 74. Минута, а неколку минути подоцна со лоб удар беше блиску да постигне гол.

Поранешниот напаѓач на Бока, Порто, Интер, Јувентус, Рома, Саутемптон, Еспањол, Болоња и Фиорентина изгледа е спремен и понатаму да игра на високо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени се повреди на тренинг, Франција остана без уште еден репрезентативец

Играчот на Реал Мадрид го напушти францускиот табор поради повреда на мускул. Зидан нема д…