Дома Фудбал Онана знае колку вистината може да боли, а синоќа беше брутално искрен како никогаш во животот

Онана знае колку вистината може да боли, а синоќа беше брутално искрен како никогаш во животот

Андре Онана не е во најдобра форма откако летово пристигна во Манчестер Јунајтед од Интер, но и самиот е свесен за тоа, па Камерунецот даде изјава во која призна дека тимот не може да победи поради него.

Манчестер Јунајтед гостуваше во Минхен каде беше поразен со 4:3 од Баерн, а се започна по големата грешка на Камерунецот, кога лошо реагираше по ударот на Лерој Сане.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одбраната на „Црвените ѓаволи“ се чини дека ја нема оваа сезона, тие редовно примаат два, три или четири гола, а Онана е свесен дека неговите слаби настапи дополнително имаат влијание на тоа.

“Морам да извлечам лекција. Имам уште многу да докажам. Денеска беше еден од моите најлоши натпревари. Тимот не можеше да победи поради мене!”, изјави Онана.

Онана го наследи Давид де Хеа, кој моментално е слободен и се уште чека да се договори, а многу фанови на Јунајтед веруваат дека Шпанецот бил далеку подобар од неговиот наследник и дека било грешка што го пуштиле да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…