Aндре Онана на лето и официјално ќе стане нов играч на Интер откако му истекува договорот со Ајакс.
Камерунецот ја отвори душата и порача дека ова е вистински момент за нов чекор во неговата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Моето време во Ајакс помина. Мое право е да изберам дали ќе потпишам или не. Ја завршив својата работа за овој клуб во изминатите неколку години и мислам дека ова е вистинското време за разделба. Сите сме одговорни за тоа што не потпишав нов договор, не само јас. Дојде момент за нов предизвик“, изјави Онана.
Интер има план во наредната сезона на располагање да ги има Самир Хандановиќ и Онана. Камерунецот потпиша договор на пет години и во Интер ќе заработува три милиони евра по сезона.