Дома Останати Кошарка Ол-стар: Изненадувачки победник во тројки, Робинсон нов крал на забивањата!

Ол-стар: Изненадувачки победник во тројки, Робинсон нов крал на забивањата!

Титулата најдобар тројкаш на Ол-стар викендот во Њу Орлеанс покрај сите очекувања на освои Ерик Гордон од Хјустон Рокетс. Тој направи изненадување и по продолжението во финалето го победи Кајри Ирвинг.

До титулата, тој мораше да стигме преку продолженија, откако во финалната серија имаше 20 поени, исто колку и Кајри Ирвинг од Кливленд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во додатната рунда, Ирвинг застана на 19 поени, а Гордон забележа 21 и стана првиот играч на „Ракетите“ кој победил во натпреварот во шутирање тројки.

Што се однесува до забивањата победник е кошаркарот на Индијана, Глен Робинсон, но овој Ол-Стар ќе биде запаметен како еден од полошите кога се забивањата во прашање.

Во натпреварот во забивање учестуваа Глен Робинсон, Дерик Џоунс Јуииор, ДеАндре Џордан и Арон Гордон, кои не понудија многу атракција и ја разочараа присутната публика и ТВ гледачите.

Глен Робинсон од Индијана стигна до победата. Неговото последно забивање за кое доби 50 поени од судиите беше една од малкуте светли точки на вечерта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…