Дома Останати Кошарка Олимпијакос се закани со истапување од лигата – ако се сериозни може да дојде до натпревар со МЗТ!

Олимпијакос се закани со истапување од лигата – ако се сериозни може да дојде до натпревар со МЗТ!

Пред неколку дена грчката кошарка ја погоди голем скандал кога во Купот на Грција Олимпијакос го напушти натпреварот поради според нив лошото судење.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради сето ова наводно денесстигнува вест дека Олимпијакос сака да направи голем „трансфер“ односно да игра во АБА лигата!

Српските медиуми пишуваат дека Олимпијакос побарал на секој натпревар да му судат странци, а откако нивното барање не било прифатено се заканиле со напуштање на првенството и приклучување кон јадранското натпреварување.

Нешто слично пред десетина години направи Маками Тел Авив.

Ситуацијата не изгледа реално посебно ако се знае дека ако сака Олимпијакос навистина да влезе во АБА лига ќе мора да помине преку АБА2.

Сепак, грчкиот гигант носи и многу пари, па би можело и да им се прогледа низ прсти. Доколку ова сценарио стане реалност, лесно би можело да дојде и до пресметка помеѓу Олимпијакос и МЗТ Скопје.

МЗТ се натпреварува во АБА2 лигата и е во добра позиција за враќање во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вемби е чудесен, го водеше Сан Антонио до победа и водство против Минесота! (Видео)

Импресивниот француски кошаркар Виктор Вембанјама беше клучната фигура во триумфот на Сан …