Дома Трансфер зона Озил доби јавна покана, ќе ја прифати ли понудата?

Озил доби јавна покана, ќе ја прифати ли понудата?

Mесут Озил е некој за кој многу се зборува во последните неколку месеци.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од доаѓањето на Унаи Емери во Арсенал своето место под „сонцето“ го бара Месут Озил.

Овој германски плејмејкер има проблеми да се вклопи во неговиот систем, потребно е повеќе трчање за разлика од она што го играше кај Венгер, што на Германецот не му одоговара.

Поради тоа иако е најплатен играч на Арсенал често пати седи на клупата за резерви.

Се споменуваше негово заминување, како и дека е на трансфер листата.

Според последните информации голем интерес за Озил покажал тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Наводно Бекам има намера да го доведе Озил во 2020 година кога неговиот клуб ќе започне да се натпреварува.

Но, тоа решение се споменува како решение за во иднина.

Како второ решение се споменува Турција. Познато е дека Озил има силни врски со оваа земја, го докажа тоа со фотографијата на која беше со Ердоган.

Ако се суди според зборовите на претседателот на Башакешир, Гоксел Гумсдаг, овој клуб сака да го види Озил во своите редови.

„Озил е одличен играч…Се надевам дека еден ден патот ќе го доведе во Инстанбул, ако тој сака да игра за нас ние ќе направиме се за да го доведеме“, изјави Гумсдаг.

https://www.youtube.com/watch?v=yFNJNCxmKAc&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…