Германскиот фудбалер Месут Озил (31) многу брзо ќе го напушти тимот на Арсенал.
31-годишниот фудбалер својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Фенербахче, каде треба да игра како позајмен играч до крајот на сезоната, а тимот од Истанбул ќе има опција да го откупи неговиот договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Фенербахче, Дамјан Комоли ќе пристигне во Лондон до крајот на неделава за ја заврши работата со Арсенал, а Озил, наводно, веќе се согласил да го облече дресот на Фенер.
Така Озил за прв пат ќе игра во својата земја на потекло. Тој претходно настапуваше за Шалке, Вердер и Реал Мадрид, а од 2013 година е член на Топџиите.
Германскиот фудбалер одигра вкупно 241 натпревар во дресот на Арсенал и постигна 43 гола.