Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски изгледа и дефинитивно ќе остане без сонот да заигра на Европското првенство ова лето.
Како и што беше најавено, денес Нестор имаше детални прегледи кај докторот Маријани во Рим, а вестите се лоши – ќе мора на операција на вкрстените лигаменти. Ваква операција предвидува пауза од најмалку шест месеци, па така дефинитивно нема да биде дел од македонската репрезентација за Евро 2021.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повредата Несторовски ја заработи пред три дена на тренинг и сега се покажа дека воопшто не била наивна. Удинезе прво објави дека сезоната за македонскиот напаѓач е завршена, но ние се надевавме дека ќе биде спремен за ЕП, сепак изгледа на собирот на најдобрите во Европа ќе мораме без него.