Долгонајавуваниот медиумски мрак изгледа ќе почне во недела за кого телевизиските оператори најавуваат исклучување на телевизиите кои ги имаат во понудата.
Тука спаѓаат и спортските канали. По се изгледа таман дочекавме да гледаме фудбал во најсилните европски лиги, можно е сега да се случи, т.н медиумски мрак. Причина се ненадминатите несогласувања околу авторските права на програмите кои се емитуваат преку кабелски оператори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За време на прекинот ќе бидат исклучени сите програми и ќе бидат наведени причините за прекинот. Ќе се исклучат сите странски канали како и македонските телевизии. Сител, Канал 5, Телма, Алсат-М и Алфа.
Ова секако е лоша вест за љубителите на спортот кои долго чекаа на спортски возбудувања.
Ќе потсетиме вакви закани имаше и на почетокот на годината пред пандемијата, меѓутоа тогаш не дојде до замрачување и двете страни се помирија на одреден период. Ќе видиме што сега ќе се случува.