Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона се договорила со еден од најдобрите млади играчи во светот.
Според пишувањето на овој медиум Франк Де Јонг се договорил со Барселона со која ќе потпише долгогодишен договор. Сепак, „Спорт“ додава дека за Барса преостанува потешкиот дел од работата, а тоа е договор со Ајакс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За услугите на Де Јонг, холандскиот клуб бара 75 милиони евра.
Ако судиме според ова што се случува изгледа не очекува вистинска сапуница околу потписот на овој фудбалер. Неодамна најпознатиот холандски весник „Де Телеграф“ објави дека Де Јонг преминува во ПСЖ за сумата која ја бара Ајакс (75 милиони евра).
Де Јонг ја игра втората сезона како член на сениорскиот тим на Ајакс, а за репрезентацијата на Холандија дебитираше минатото лето.
Дефинитивно Де Јонг ќе биде еден од фудбалерите за кои најмногу ќе се пишува во јануарскиот преоден рок.