Навивачите на Црвена Звезда со нетрпение ја очекуваа сезоната во која како шампиони на српското првенство се пласираа директно во групната фаза од Лигата на шампионите.
За Звезда не беше првпат да учествува во најелитното европско натпреварување, но сега добија учество без да играа квалификации. Се работеше во летниот период и клубот потроши 12 милиони евра за засилувања, но на крајот тие во група со Јанг Бојс, Лајпциг и Манчестер Сити се најлошиот тим од сите групи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Звезда не оствари ниту една победа, групата ја заврши со само еден бод и тоа против Јанг Бојс дома. Кога српскиот гигант ги доби противниците навивачите очекуваа борба со Јанг Бојс до крај за тоа трето место и нокаут фаза во Лига Европа, но тоа не се случи. Звезда во претпоследното коло ги загуби шансите за европска пролет.
Звезда е единствениот тим кој групите ги заврши со еден бод, Селтик имаше исто толку до вчера, додека Антвеп беше на нула“, но овие две екипи остварија победи, па Звезда остана најлоша.