Дома Македонски спорт „Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!“

„Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!“

Горан Пандев со настапот на Македонија на Европското првенство ја заврши и својата репрезентативна кариера.

Посебно обраќање на оваа тема имаше ФК Беласица, клубот каде што Пандев ја започна кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!Вчера, Гранде Горан за последен пат играше во светиот македонски репрезентативен дрес. По две децении, Пандев од репрезентацијата се опрости како рекордер во број на настапи (122), рекордер во број на постигнати голови (38) и како апсолутна легенда, голем капитен и најдобар македонски фудбалер во историјата. Стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ и поклон до земја од сите македонци и цел свет. Сосема заслужено.Гоче, ФК Беласица, твојот матичен клуб е гордост твоја, па така догодина, големиот јубилеј од 100 години постоење на клубот да го прославиме заедно, со великанот на македонскиот фудбал! Честитки за големата и успешна кариера во репрезентативниот дрес!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Пари Сен Жермен е елиминиран од Лигата на Шампионите по поразот со 1:0 од Борусија Дортмун…