Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските клубови летово ќе играат необични квалификации за ЛШ и ЛЕ

Македонските клубови летово ќе играат необични квалификации за ЛШ и ЛЕ

Македонската фудбалска федерација се уште не донела конечна одлука кои клубови ќе играат во европските квалификации наредната сезона, но оние кои ќе играат ќе имаат едни необични квалификации.

УЕФА после денешниот состанок го потврди она што се најавуваше, ќе се игра само еден натпревар. Одлуката беше соопштена без поголеми детали, се знае дека ќе се игра еден натпревар, а домаќинот ќе биде одреден со ждрепка. Двомеч ќе има само во плејофот за Лигата на шампионите која ќе стартува на 20. Октомври.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рокот кој го има ФФМ да ги пријави екипите е до 3. август, значи до тогаш мора да биде донесена одлука за конечниот пласман во македонската прва лига по прекинот на сезоната.

Бројот на екипи останува ист, шампионот оди во квалификациите за ЛШ, додека останатите три клуба одат во квалификациите за Лига Европа, почнувајќи од првото коло.

Претклвалификациското коло ќе започне на 8. август и ќе се игра до 11. август, а нашите клубови европските натпревари ќе ги започнат на 18. и 19. август. Второто коло е закажано за 25. и 26. август, третото на 15. и 16 септември, а плејофите на 22/23 и 29/30 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…