Одложен натпреварот од СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб
Натпреварот од шестото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата помеѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, планиран за 13 април во 17:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола нема да се одигра. Хрватскиот тим има големи проблеми со ковид-19 во своите редови и на барање на ППД Загреб. натпреварот е одложен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
СЕХА Гаспром лигата дополнително ќе одлучи дали ќе се одигра овој натпревар и ако постои можност, ќе биде дефиниран нов термин.
Фото: Е.Пелистер