Дома Македонски спорт Мак баскет Одлично деби на Димитријевиќ за Уникс Казан – седум поени и најмногу асистенции!

Одлично деби на Димитријевиќ за Уникс Казан – седум поени и најмногу асистенции!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ им се врати на клупските обврски во Уникс Казан, откако претходно настапуваше за македонската кошаркарска репрезентација.

Уникс Казан го одигра првиот пријателски меч против Зенит Санкт Петербург и славеше со 72-63, а притоа македонскиот кошаркар постигна седум поени за неговиот нов тим, а исто така имаше и најмногу асистенции на теренот во својата екипа, односно пет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипите ќе одиграат уште еден контролен меч в сабота, а повторно се очекува Димитријевиќ да добие минутажа на паркетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…