Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, не направи измени за денешниот натпревар против Чешка, што значи дека Кире Лазаров останува во тимот и има шанси за настап.
Македонскиот капитен до утрово беше во Загреб на детални прегледи, па иако се уште нема официјални информации, сепак тоа што е во тимот влева надеж дека Лазаров ќе може да се појави на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раул Гоналез има право на уште една измена во втората фаза од Европското првенство, доколку го извадеше Кире Лазаров тоа ќе значеше и дефинитивна потврда дека остануваме без капитенот.
Натпреварот против Чешка се игра вечерва од 20:30, а со победа ќе ги задржиме шансите за пласман во полуфинале.