Дома Фудбал Италија Одлични вести за Јувентус: Буфон се врати на тренинзите

Одлични вести за Јувентус: Буфон се врати на тренинзите

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се врати на терените после два месеци пауза поради повреда на бутниот мускул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Буфон последен пат бранеше на натпреварот против Наполи, натпревар во кој неговиот тим славеше победа со 1:0 на „Сан Паоло“ на 1 декември, а од тогаш имаше проблем со бутниот мускул.

Тренерот Масимилијано Алегри после победата против Џенова во понеденилкот истакна дека капитенот на „старата дама“ ќе започне да тренира оваа недела, а 39 годишникот токму тоа и го направи.

Јувентус оваа вест ја потврди со видео снимка на својот официјален Твитер профил, а Буфон ќе биде во комбинација за натпреварот овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија ќе загуби 1,5 милијарди евра зашто остана без пласман на Мундијалот

Третото последователно неучествување на Италија на Светското првенство не е само удар врз …