Дома Фудбал Италија Одлични вести за „нероаѕурите“ – Интер пред продолжување на соработката со еден од најдобрите!

Одлични вести за „нероаѕурите“ – Интер пред продолжување на соработката со еден од најдобрите!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, управата на „нероаѕурите“ наскоро би можела да заврши одлична работа за иднината на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенечкиот голман Самир Хандановиќ, наскоро би требало да потпише нов договор со фудбалскиот клуб Интер и тој би имал важност до 2021 година.

Според информациите на „Газета Дело Спорт“ останале да се договорат уште некои детали пред клубот и официјално да ја соопшти оваа информација. Хандановиќ, според новиот договор ќе заработува три милиони евра по сезона. Искусниот голман кој има 33 години во редовите на Интер настапува од 2012 година.

Тој практично целата своја кариера ја помина во Италија, претходно настапуваше за Удинезе, Тревисо, Лазио и Римини. Пред пристигнувањето во Италија во 2004 година настапуваше за Домжале и Загорје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…