Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард своевремено важаше за еден од најтелентираните играчи на светот, но неговата кариера не се развиваше така како што треба.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како тинејџерска сензација, Одегард во јануари 2015. година стигна во Реал Мадрид како 16-годишно момче. Долго играше за вториот тим, а а повремено беше повикуван и со првиот тим, но никогаш не доби вистинска шанса.
Реал прво го испрати на позајмица во Херенвен, а сега овој Норвежанец е член на Витесе за кој игра одлично.
Зборувајќи за шпанските медиуми, Одегард се присети на периодот во Реал Мадрид и истакна дека му е жал што не покажал повеќе.
„Се сеќавам, потпишав за Реал Мадрид и очекувањата беа огромни. Тоа е нормално кога Реал донесува некој кој има 16 или 17 години, сите очекуваат чуда…Но, од мене можеби се очекуваше премногу, се уште бев дете.“ – изјави Мартин и додаде:
„Искрено, жал ми е пто не добив повеќе шанса за игра во Реал. Можеби можев да направам повеќе, но откако дојдов во клубот, знае дека ме очекува позајмица. Бев свесен на тоа, тешко е да се избори место во клуб каков што е Реал.“
Одегард за Реал одигра само два натпревари, а и натаму е член на Кралскиот клуб со кој има договор до 2021. година.
„Се уште сум млад и пред мене се многу години. Знам дека не сум ни блиску до својот врв, а сакам да работам и да добијам нова шанса во Реал.“
Мартин Одегард оваа сезона одигра 15 натпревари за Витесе, постигна три гола и запиша две асистенции.