Каталонските медиуми претходно објкавија дека Џошуа Кимих размислува за заминување од Баерн Минхен, но од Минхен стигна експресен одговор.
Германски „Билд“ тврди дека не постои ниту најмала шанса капитенот на Баерн да замине ова лето, дури ниту за понуда од 100 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако истиот извор пишуваше за можен трансфер на новиот последен играч за врска, всушност идејата е да дојде уште еден кој би му овозожил на Кимих уште повеќе да го покаже потенцијалот на својата половина.
Поради тоа Даклан Рајс е одреден како потенцијална мета, но не како замена за Кимих туку како негов идеален пар. Кимих претходно не се огласуваше, посветен е на борба за титулата и ќе видиме што ќе донесе крајот на сезоната.
Кимих има договор со Баерн до 2025 година и сам тешко би можел да издејствува потенцијален трансфер.