Во Арсенал свесни каде им е најголемиот проблем и ќе се обидат да го решат во јануарскиот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Унаи Емери успеа да го подигне Арсенал оваа сезона, „Топџиите“ играат борбено и напаѓачки, но имаат проблеми со одбраната и поради тоа се наоѓаат на петтата позиција во Премиер лигата.
Последната линија во текот на летото се засилија со Сократис и Лихштајнер, но поради повредите на Холдинг, Мавропанос и Белерин и не баш добрата форма на Мустафи стана јасно дека ќе мораат да купуваат во јануари.
Така на радарот на Арсенал се најде стоперот на Јувентус, Мехди Бенатија, Мароканецот минатата сезона играше одлично, но се враќањето на Бонучи беше преселен на клупата за резерви.
Лондонскиот клуб би можел да се обиде да го доведе во јануари, но конкуренцијата е навистина голема. Претходно интерес за овој стопер покажаа Борусија Дортмунд, Милан и Шалке.
https://www.youtube.com/watch?v=aoWveN-9YlI