Дома Топ вести Овој играч е најголем срам за Барселона!

Овој играч е најголем срам за Барселона!

Каталонскиот гигант Барселона е горда на својата традиција и на големиот број сопствени младинци кои доаѓаат во првиот тим и стануваат големи ѕвезди.

Лео Меси, Чави, Иниеста, Жерар Пике… сите тие поникнаа во познатата „Ла Масија“ и со години се носители на играта на овој тим. Некои се и денес тука, а за некои нема место, иако на овој клуб му ги поклонија најубавите години во животот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од нив е Виктор Валдес. Навивачите на каталонскиот клуб токму овој фудбалер и неговата судбина ја сметаат како најголема срамота за својот клуб. Голманот кој со години учествуваше во походот на многу трофеи, денес игра во Премиер лигата и е член на Мидлсборо.

По заминувањето од матичнот клуб „играше“ уште за Манчестер Јунајтед, белгиски Стандард, за денес колку толку да ја врати својата кариера на вистинска патека.

Меѓутоа Валдес по заминувањето од Барса помина низ многу тежок период, а клубот воопшто не му понуди никаква помош, иако станува збор за клупска легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …