Дома Фудбал Останато Ова се 50-те најдобри тренери на сите времиња според „Франс Фудбал“

Ова се 50-те најдобри тренери на сите времиња според „Франс Фудбал“

Угледниот француски весник, „Франс Фудбал“ денес направи рангирање на 50-те најдобри тренери во историјата на фудбалот.

„Франс Фудбал“ на врвот на листата го стави холандски стратег Ринус Михелс кој го остави зад себе легендарниот Сер Алекс Фергусон кого сите го очекуваа на врвот на оваа листа со оглед на фактот што освои 13 титули во Премиер лигата со „црвените ѓаволи“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изданието прецизира дека споредбата помеѓу стратезите кои работеле во различни епохи на фудбалот и често се оддалечени со половина век разлика, е тешка задача. Затоа, беа користени неколку основни критериуми за да се направи рангирање на секој тренер.

Имињата биле споредувани по постигнати успеси, оставена трага во фудбалот, лично влијание врз фудбалерите и времетраење на кариерата.

Ринус Михелс прв направи револуција во фудбалот по средината на 60-тите години на дваесеттиот век, создавајќи го „тоталниот“ фудбал. Тоа е стилот, кој ја дефинирал и изградил фудбалската филозофија на други големи тренери, кои најдоа место во челото на листата – Јохан Кројф и Пеп Гвардиола.

Трет на листата е Ариго Саки, а од актуелните тренери највисоко котира Пеп Гвардиола кој ја зазема петтата позиција.

Жозе Мурињо е сместен на 13-то место, додека Јирген Клоп на 27-та позиција. Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер е дури на 32-то место на оваа вечна листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…