Миралем Пјаниќ за сега игра одлична сезона во дресот на Јувентус.
Играчот на БиХ одлично се вклопи во ситемот на игра кој го форсира новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, а тоа го покажуваат неговите настапи во Серија А и Лигата на Шампионите. Затоа, не е ни чиудно што според Центарот за фудбалска статистика и истражување (CIES), Пјаниќ во моментов статистички е најдобар фудбалер во Европа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„CIES“ своите истражувања ги гради по досегашните настапи од натпревар во натпревар, ефикасноста и вредноста во играта која ја донесува на тимот, па Пјаниќ по статистиката во моментов е најдобар фудбалер на Стариот континент. Неговиот ранг е 96,7, а зад себе ги остави Сенси од Интер (94,7) и Папу Гомез од Аталанта (94.5).
Ова во моментов се најдобрите 10 фудбалери во Европа според „CIES“.
- Миралем Пјаниќ (Јувентус) – 96.7
- Стефано Сенси (Интер) – 94.7
- Папу Гомез (Аталанта) – 94.5
- Идриса Гуе (ПСЖ) – 94.3
- Аласан Плеа (Гладбах) – 93.8
- Марко Верати (ПСЖ) – 93.7
- Тиаго Силва (ПСЖ) – 93.5
- Карим Бензема (Реал Мадрид) – 90.0
- Тони Крос (Реал Мадрид) – 90.0
- Mартен Де Рун (Аталанта) – 90.0