Дома Фудбал Останато Ова се двете опции за Јувентус, доколку Алегри замине!

Ова се двете опции за Јувентус, доколку Алегри замине!

alegri

Иако Масимилијано Алегри има договор до 2021 година во случај да ја прифати понудата од Англија, Јувентус смета дека двајца кандидати се идеални за негови наследници.

После информациите дека Алегри би можел да седне на клупата на Челзи на крајот од сезоната италијанските медиуми започнаа да пишуваат за името на неговиот евентуален наследник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата година Алегри важеше за еден од фаворитите да седне на клупата на Арсенал, но Макс доби нов договор и во Торино сега добива седум милиони евра по сезона и е најплатениот тренер во Серија А.

Но, доколку понудата од Англија биде подобра можеби Италијанецот и би размислил.

Желба на претседателот Андреа Ањели наводно е Зинедин Зидан кој наскоро се очекува да добие отказ во Мадрид поради катастрофалните резултати, а познато е и дека Зидан уште од времето кога беше играч е миленик на навивачите.

Но, дел од управата на Јувентус размислуваат поинаку. Тие сметаат дека во случај на заминување на Алегри треба да му се даде шанса на Симеоне Изнаги кој прави чуда на клупата на Лацио и според Марота и Недвед би бил идеален наследник и решение за долги патеки.

zidane iznaghi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…