Дома Фудбал Ова може да значи крај на кариерата: Кјелини ги скина лигаментите!

Ова може да значи крај на кариерата: Кјелини ги скина лигаментите!

Во текот на денешниот тренинг, Јувентус остана без искусниот стопер Џорџо Кјелини.

На Кјелини му настрадале лигаментите на коленото, па во наредните денови се очекува операција.

Ова е лоша вест за Јувентус со оглед на тоа дека Кјелини е клучен играч во одбраната, а ова се лоши вести и за Роберто Манчини, селекторот на Италија.

За екипата на Јувентус следува дербито со Наполи. па се очекува местото на Кјелини да го заземе Матијас де Лихт, кој ова лето беше донесен од Ајакс.

Ова може да значи и крај на кариерата за искусниот дефанзивец со оглед на долгата пауза која го очекува и годините кои моментално ги има (35).

Кјелини од 2005. година игра во Јувентус и долги години е еден од најстандардните играчи во екипата од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…