Дома Трансфер зона Ова е планот на Мурињо – 300 милиони евра за да се доближи до „недопирливите“ „граѓани“!

Ова е планот на Мурињо – 300 милиони евра за да се доближи до „недопирливите“ „граѓани“!

mourinho

Манчестер Јаунајтед наводно се согласил со условите на Португалецот, метитте веќе се обележани, а целта е да се создаде моќен тим за наредната сезона.

Жозе Мурињо и покрај тоа што не се откажува од потерата по Сити, веќе размислува за новата сезоната.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Наводно добил гаранции околу новиот договор, се зборува за покажување од три милиони. Сепак, веројатно поважни му се засилувањата, во тимот има неколку проблематични позиции, а ќе се ослободи и од неколку фудбалери.

Прв кој би требало да го напушти клубот е Лук Шо кој бара оштета за да замине, леввиот бек кој е во немилост на Португалецот има понуди од Премиер лигата, но тешко дека некој би платил 25 милиони евра. И Блинд би можел да замине, интерес за неговите услуги покажа Барселона, а Мурињо сака еден од Дени Роуз и Алекс Сандро. За Бразилецот наводно е спремен да плати 60 милиони евра, но изгледа дека фудбалерот на Јувентус повеќе би сакал трансфер во Челзи.

На десната страна, Фабињо најави заминување од Монако, неговата цена изнесува околу 40 милиони евра, но тој може да игра и во средниот ред.

Микхтаријан е на листата на отстрел, сега не е ниту на клупата, но веројатноста за размена со Жоао Марио е мала. Мурињо сака да го продаде Ерменецот, со што би отворил место за Озил или евентуално Вилијан кој е незадоволен во Челзи.

Ни тоа не е се, Бејл според медиумите останува мета, Реал бара околу 90 милиони евра. Сепак голем број од фановите на Јунајтед сметаат дека доколку се троши толкава сума на еден играч подобро е тоа да биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Како што наведуваат медиуми, Мурињо има одврзани раце да потроши околу 300 милиони евра и да му се доближи на Сити кој оваа сезона изгледа недопирливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…