Дома Македонски спорт Мак баскет Ова е новиот Американец кој ќе игра за Македонија

Ова е новиот Американец кој ќе игра за Македонија

Американецот се наоѓа на списокот на селекторот Александар Јончевски за ноемврискиот циклус, и мечевите со Норвешка и Данска во Гевгелија

Намерата на стручниот штаб на нашата сениорска селекција и на раководството на федерацијата, да натурализира плејмејкер кој ќе помогне во наредниот период, а почнувајќи од вториот круг на претквалификациите за Европското првенство во 2025 година се остварува со ангажманот на Ти Џеј Шортс. Тој се наоѓа на списокот на селекторот Александар Јончевски за ноемврискиот циклус во кој на домашен терен играме против Норвешка и Данска, на 10. односно на 13. ноември во Гевгелија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ти Џеј Шортс е американски плејмејкер кој од пред неколку месеци е член на бундеслигашот Телеком Бон, а и претходните две сезони играше во германското првенство. По една сезона помина во Хамбург Тауерс и Краилсхајм Мерлинс, а првата професионална година во европската кошарка ја помина во летонскиот Вентспилс. Минатата сезона бил најдобар стрелец (20,6 поени) и играч со највисок просечен индекс во Бундеслигата (22,3).

ФАКТИ ЗА ТИ ЏЕЈ ШОРТС

Има 25 години, висок е 175 сантиметри и оваа сезона игра фантастично во дресот на Телеком Бон кој по првите четири кола од Бундеслигата има максимален ефект. Шортс просечно постигнува по 17 поени, 7 асистенции и 2 скока, со индекс 16 и е најефикасен и играч со највисок ефект во својата екипа. За тројка шутира со над 50% (8/15), а вкупно од поле со 44% (15/34). Се истакнува и со играта во одбрана бидејќи просечно бележи по 1,3 украдени топки со што е втор во тимот на Телеком Бон. Во Лигата на шампионите е уште подобар, на три натпревари просечно постигнуваше по 26,7 поени и 7,7 асистенции со индекс 29,3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…