Иднината на Килијан Мбапе е главна тема во спортските медиуми веќе подолго време бидејќи Французинот се уште не ставил потпис на нов договор.
Мбапе на лето ќе влезе во последната година од договорот со ПСЖ, а се уште одолговлекува со потписот на нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Гоал“ пренесува дека Мбапе ги ангажирал агентите и бара луксузна куќа во Мадрид, што нормално веднаш ги засили шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.
„Мојата иднина? Нема ништо ново, се уште не сум донел одлука. Кога ќе одлучам, ќе ја соопштам јавно“, изјави Мбапе.
„Паризиен“ пренесува дека ПСЖ го губи трпението, бидејќи Мбапе одлоговлекува со својата одлука. Со оглед на фактот дека Реал е еден од основачите на Суперлигата ќе има финансиска моќ да го реализира овој трансфер.