Дома Македонски спорт Мак ракомет ОВА Е ВАРДАР КОЈ ГО ПОЗНАВАМЕ! Мотор прегазен во Скопје! (ФОТО+ВИДЕО)

ОВА Е ВАРДАР КОЈ ГО ПОЗНАВАМЕ! Мотор прегазен во Скопје! (ФОТО+ВИДЕО)

Денес Вардар игра исклучително важен натпревар во Лигата на шампионите против Мотор.

Вардар и покрај сите проблеми започна одлично и така го одигра цел натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мотор поведе со 0:1, но потоа следуваше серија на Вардар од 4:0 за предност од +3 (4:1). Не застана Вардар туку зголеми и на највисоки до тој момент +5 (7:2). Неколку минути потоа следуваше изедначена игра, за потоа гостите да започнат да ја намалуваат негативата.

Во 22 минута Мотор стигна и на -1 (11:10). Бидејќи се гледаше дека нешто не оди, Алушовску повика тајм-аут.

По тајм-аутот на Алушовски Вардар повторно го крена нивото на игра и дојде на +3 (13:10).

Кога Вардар имаше +3 тренерот на Мотор повика тајм-аут, меѓутоа ниту тоа не го поремети Вардар. Марко Кизиќ блескаше на голот, а Вардар на минута пред крајот дојде до највисоките +6 (10:6). Мотор во финишот постигна гол за 16:11 на полувреме.

Најубав момент од првото полувреме беше цепелинот на Скубе и Шишкарев.

Второто полувреме донесе уште подобра игра на Вардар.

На самиот старт Вардар постигна гол за нова највисока предност на натпреварот од +6 гол. (17:11). Следуваше игра гол за гол неколку минути, а потоа повторно минути на Вардар за во еден момент да Мотор да остане и на -9 (24:15).

Таа предност од 8-9 гола разлика Вардар одлично успеваше да ја задржи и во последните 10 минути Вардар влезе со 31:22. Тимур Дибиров денес беше посебно располжен за игра, па видовме два негови мајсторски гола.

Едниот кој не беше признаен.

Потоа видовме и мајсторија по која стана препознатлив на скопската публика.

Ниту за момент Вардар не дозволуваше Мотор да помисли дека има можност да се врати во игра, па до крајот видовме уште неколку одлични гола за победа од 38:28.

Со оваа победа Вардар го обезбеди пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите.

Единствена дамка во финишот беше црвениот картон на Глеб Калараш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…