Жозе Мурињо уште од крајот на 2018 година е без тренерски ангажман, но се очекува наскоро да се врати на тренерската работа.
Мурињо работи како аналитичар во реномирани телевизии за некои големи натпревари, но истакна дека едвај чека да седне на клупата на некој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако Португалецот секогаш фаворизирал работа во клубот и долгогодишни проекти сега се појави можност да биде селектор и тоа на не било која репрезентацијата туку на – Бразил!
Навордно Бразилскиот фудбалски сојуз го контактирал поранешниот тренер Манчестер Јунајтед, Интер, Челзи, Реал Мадрид и Порто и луѓето во Бразил сакаат тој да го наследи Тите.
Многу од ова ќе зависи од резултатите на Бразил на Копа Америка, а навистина изгледа интересно опцијата Мурињо да стане селектор на Бразил.