Дома Фудбал Италија Оваа изјава на „Дон Фабио“ силно одекна во Италија: Бонучи НЕ знае да игра одбрана!

Оваа изјава на „Дон Фабио“ силно одекна во Италија: Бонучи НЕ знае да игра одбрана!

bonucci

Трофејниот италијански тренер даде изјава која силно одекна во Италија.

Големиот Фабио Капело истакна дека Леонардо Бонучи не знае да игра одбрана и дека во сплет на среќни околности успеал во Јувентус и тоа само поради системот на игра кој му одговарал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бонучи минатото лето за сума од 42 милиони евра премина во Милан и тој како и целиот тим не успева да ја пронајде вистинската форма, „росонерите“ во овој момент се наоѓаат на 11 место на табелата.

„Тој е најдобриот италијански дефанзивец, но само кога ја има топката во свој посед. Веројатно е и помеѓу најдобрите тројца во таа ситуација. Но, тој не знае да се брани. Има големи проблеми во тој сегменет. За него идеален е системот со тројца дефанзивци кој го форсира Јувентус. Во таа ситуација тој има голема слобда“, изјави Капело за „Скај“.

Во досегашниот дел од сезоната Бонучи одигра 16 натпревари за Милан во Серија А. Претходно во Јувентус одигра 319 натпревари и постигна 19 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…