Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција дополнително ја објасни ситуацијата со Агрон Руфати.
Ќе потсетиме, Руфати доби повик затоа што не може да настапи за младинците поради жолти картони, се приклучи на репрезентацијата, но потоа стигна вест дека не може да игра ниту за А репрезентацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“На мое инстирање побарав да се испрати дополнителен допис да не го изгубиме натпреварот служебена. УЕФА ни даде објаснување ден пред натпреварот во натпреварувањето каде што е суспендиран и ден после важи суспензијата. Бидејќи младинците играат денес од 14:30, УЕФА беше дицидна дека Руфати не може да биде во составот“, изјави Ангеловски.