Дома Македонски спорт Мак ракомет Објавен составот на Вардар: Се врати Криштопанс, но го нема Дисингер (ФОТО)

Објавен составот на Вардар: Се врати Криштопанс, но го нема Дисингер (ФОТО)

Tимот на Вардар денес го игра натпреварот со Мешков Брест на гостински терен.

И за овој натпревар Вардар има проблеми со повредите. Сега во тимот се врати Даинис Криштопанс кој беше отсутен во претходните натпревари поради повредата на десниот скочен зглоб која ја заработи на мечот со Војводина во СЕХА. Криштопанс се врати, но сега го нема Дисингер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дисингер отпатува со тимот во Брест, сепак се уште има проблеми со повредата на зглобот и Кокшаров одлучи да не го користи за оваа средба.

Вардар во Брест на располагање ќе има тројца голмани и тројца пикери откако Сергеј Горпишин ја санираше повредата.

За Брест не отпатуваа Горбок и Толедо. Горбок се повреди неодамна, додека Толедо се уште не настапил за Вардар поради летната операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…