Дома Фудбал Објавени платите на фудбалерите на ПСЖ, Мбапе неприкосновен

Објавени платите на фудбалерите на ПСЖ, Мбапе неприкосновен

Еминентниот француски медиум „Екип“во денешното издание ги објави платите во фудбалскиот клуб ПСЖ.

Далеку најплатен играч на ПСЖ е Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец минатото лето потпиша нов договор со клубот и според него месечно заработува неверојатни 6 милиони евра.

Нејмар месечно заработува 3.675 милиони евра, а Меси добива 300.000 евра помалку или 3.375 милиони евра.

Меѓу оние со милионска месечна плата се и бразилскиот дефанзивец Маркињос (1,2 милиони), Марко Верати (1,2) и Ашраф Хакими (1.083 милиони евра).

Треба да се истакне дека тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие е најплатен во Лига 1 и месечно заработува 665.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му ја отвора вратата за заминување на Густо – ќе реагира ли Ливерпул?

Според новите информации, Мало Густо не е меѓу првите избори на Чаби Алонсо во Челси, а Ли…