Дома Трансфер зона Обложувалниците знаат повеќе од нас: Коефициентите за трансферот на играчот на Наполи во Јунајтед паѓаат

Обложувалниците знаат повеќе од нас: Коефициентите за трансферот на играчот на Наполи во Јунајтед паѓаат

Калиду Кулибали би можел во јануари да направи спектакуларен трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот Сенегалец и оваа сезона игра навистина одлично. Неговите натпревари во Наполи не поминаа незабележани, па Кулибали кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Барем така тврдат обложувалниците. Коефициентите на трансферот на 27-годишниот стопер имаа драстичен пад и во моментов е 3,00, но во следните денови би можела и драстично да падне.

Солскјер би можел да добие значителен буџет за засилувања следниот месец. Коефициентите зборуваат дека Кулибали ќе стане прв играч кој ќе пристигне во јануари во Манчестер“, изјави Алекс Апати за „Ladbrokers“.

Цената на овој фудбалер не е мала. Наполи бара околу 100 милиони евра, но Јунајтед едноставно мора да започне да доведува квалитетни фудбалери доколку сака да се врати во врвот на англискиот и европскиот фудбал. Што ќе се случи останува да видиме, но со оглед на тоа дека обложувалниците знаат повеќе, трансферот би можел да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…